ПРВ.мк
Свет

"Само преку мене мртов": Нетанјаху најави целосно уништување на Хамас

"Само преку мене мртов": Нетанјаху најави целосно уништување на Хамас
Escape

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, жестоко изјави дека Хамас никогаш повторно нема да владее со Појасот Газа – освен ако, како што рече, „не сум мртов“. Според него, ослободувањето на заложниците и воената елиминација на Хамас не се спротивставени цели, туку одат рака под рака.

При посета на градот Ашкелон, тој истакна дека нема враќање назад и дека „Хамастан е завршена работа“. Израелските медиуми јавуваат дека Нетанјаху останува цврст и покрај меѓународниот притисок, уверувајќи ја јавноста дека „сите заложници ќе бидат вратени, а Хамас – уништен“.

Mia Home Mavrovo