Во земјотресот во Мјанмар бројот на загинати достигна 2.719, со околу 4.521 повредени, додека повеќе од 400 лица се водат за исчезнати, јави денеска кинеската централна телевизија (CCTV), се вели во соопштението на владејачката воена хунта.
Водачот на Мјанмар Мин Аунг Хлаинг рече дека бројот на загинати може да надмине 3.000.
Владејачката воена хунта во Мјанмар денеска прогласи една недела на жалост поради силниот земјотрес што неодамна го погоди регионот.
Минутата молчење ќе започне во 12.51 часот по локално време, точно во моментот кога земјотресот се случи во петокот, јавува Би-би-си.
Во Мјанмар пристигна помош од целиот свет, вклучително и тимови од Русија, Кина и САД, но спасувачките групи предупредуваат на појава на болести, додека лошата инфраструктура и мноштвото граѓански судири сериозно ги попречуваат напорите за помош.