ПРВ.мк
Свет

Франција со строги мерки: Забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години - ова е причината!

Франција со строги мерки: Забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години - ова е причината!
Kristal

Францускиот претседател Емануел Макрон најави радикален чекор што може целосно да го промени секојдневието на децата и тинејџерите во Франција – Владата ќе покрене забрзана законска постапка за воведување забрана за користење социјални мрежи за сите лица помлади од 15 години, со цел мерката да стапи на сила уште од следната учебна година.

Во видео-обраќање до јавноста, Макрон соопшти дека лично побарал од Владата законот да биде разгледуван по итна постапка во парламентот, што значи значително скратени рокови и брзо усвојување. Тој нагласи дека ова е негова јасна и јавно преземена политичка обврска, насочена кон заштита на децата од штетните влијанија на дигиталната средина.

„Забрануваме користење на социјални мрежи за деца под 15 години и воведуваме целосна забрана за мобилни телефони во средните училишта. Ова правило е јасно и недвосмислено – за тинејџерите, за родителите и за наставниците“, порача Макрон.

Претседателот посочи дека дигиталните платформи не смеат да имаат неограничен пристап до вниманието и психолошкиот развој на децата, потенцирајќи дека нивните мозоци, емоции и ранливост не смеат да бидат предмет на трговија и профит.

Особено силна загриженост изрази за влијанието на странските дигитални платформи и нивните алгоритми, за кои оцени дека сè почесто манипулираат со младите корисници, обликувајќи ги нивните ставови, навики и однесување без соодветна контрола.

Убрзаната законска постапка, предвидена со францускиот Устав, овозможува законот да помине низ парламентот со значително скратени фази, што отвора реална можност забраната да почне да се применува веќе од следната учебна година, ставајќи ја Франција меѓу првите европски земји со ваков строг пристап кон заштитата на децата во дигиталниот простор.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape