ПРВ.мк
Свет

Трамп тврди: Војната со Иран е под моја контрола – eве кога ќе заврши!

Трамп тврди: Војната со Иран е под моја контрола – eве кога ќе заврши!
Kristal

Доналд Трамп повторно го изненади јавниот живот со смели тврдења за конфликтот во Иран. Во кратко интервју за американски медиум, тој истакна дека војната „наскоро ќе заврши“, објаснувајќи дека ситуацијата е целосно под контрола и дека „практично нема што повеќе да се пука“.

Трамп додаде дека исходот на војната оди многу подобро од очекувањата, истакнувајќи дека американските сили постигнале поголеми резултати отколку што првично било предвидено. Според него, дури и шестнеделниот план кој бил поставен како првична рамка, бил надминат со постигнатите ефекти.

„Кога јас ќе решам дека е време, конфликтот ќе заврши“, изјави Трамп, оставајќи впечаток дека судбината на целиот регион е под неговата одлука. Неговите зборови ја поттикнаа вниманието на светските медиуми, кои анализираат дали ова е само политичка реторика или навистина реална проценка на ситуацијата.

Иако деталите за понатамошните операции не се откриени, изјавата предизвика шпекулации за можно интензивирање на дипломатските преговори или, пак, продолжување на воените акции на терен. За сега, јавноста останува на чекор со неочекуваните и директни коментари на американскиот претседател, кои, како што се чини, не оставаат простор за сомнеж во неговата позиција.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo