ПРВ.мк
Спорт

Одлични вести за Македонија: Ние сме носители во плејофот за СП – еве кои противници ги избегнуваме!

Одлични вести за Македонија: Ние сме носители во плејофот за СП – еве кои противници ги избегнуваме!
Kristal

Македонската репрезентација доби значајно признание на европската ракометна сцена – ќе биде носител во плејофот за пласман на Светското првенство што ќе се одржи следната година во Германија. Ова стана јасно по завршувањето на последното коло од прелиминарната фаза на Европското првенство, во кое Холандија ја совлада Грузија со 31:26 во Групата Е.

По овој резултат, целосно се расчисти сликата околу распределбата на репрезентациите – кои продолжуваат во борба за медали и директен билет за СП, а кои ќе мора да минат низ плејоф-системот. Вкупно 12 селекции останаа во трка за европскиот трон, но и за директен пласман на Мундијалот.

Германија и Данска се веќе сигурни учесници на Светското првенство – Германија како домаќин, а Данска како актуелен светски шампион. Преостанатите 10 репрезентации што сè уште се активни на ЕП ќе се борат за уште четири директни визи.

Тие селекции се: Шпанија, Франција, Норвешка, Португалија, Словенија, Унгарија, Исланд, Шведска, Хрватска и Швајцарија. Шесте кои нема да успеат директно да се квалификуваат, ќе одат во плејоф – и тоа како носители.

Таму ќе им се приклучат и Фарските Острови, Македонија, Холандија и Австрија, што значи подобра стартна позиција и избегнување на најсилните противници.

Можни ривали на Македонија во баражот се селекции од вториот ешалон, меѓу кои Србија или Литванија, Полска или Латвија, Грција или Белгија, Црна Гора или Финска, Грузија или Израел, како и Италија, Босна и Херцеговина и Чешка.

Статусот на носител значи реална шанса Македонија повторно да биде дел од светската ракометна елита.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo