Македонскиот кардиохирург и алпинист, д-р Сашко Кедев, го освои врвот Канченџунга (Kanchenjunga), висок 8.586 метри, кој се наоѓа на границата меѓу Непал и Индија и претставува трет највисок врв на планетата.
Со овој подвиг, д-р Кедев уште еднаш ја покажа својата извонредна физичка подготвеност, упорност и страст кон планинарството, поставувајќи уште еден значаен белег во историјата на македонскиот алпинизам.
Со ова на Кедев му остана уште врвот Gasherbrum-I, за да ги комплетира сите 14 таканаречени „осумилјадарки“, врвови кои се повисоки од 8.000 метри надморска височина и главно се наоѓаат на Хималаите.

Искачувањето на Канченџунга е познато како едно од најтешките во светот поради екстремните временски услови, техничката сложеност и ризиците од лавини.