Реал Мадрид во среда ќе се соочи со Хетафе во рамки на Примера, само неколку дена по драматичната победа над Атлетик Билбао со 1:0, благодарение на голот на Федерико Валверде во финишот од натпреварот.
Тренерот на „кралскиот клуб“, Карло Анчелоти, на прес-конференцијата пред натпреварот зборуваше за моменталната состојба на тимот, односот со фудбалерите, како и за термините на одигрување на натпреварите.
„Сум се налутил на играчите повеќе пати оваа сезона. Мојата филозофија секогаш била да имам рамноправен однос со луѓето. За тоа потребно е и да почитуваш и да бидеш почитуван. Не сум тип на тренер кој би казнувал или камшикувал, и никогаш нема да бидам. Ако некој сака таков тренер – нека бара друг“, изјави Анчелоти со доза на искреност и хумор.
Анчелоти потврди и дека ѕвездата на тимот Килијан Мбапе, како и дефанзивецот Ферлан Менди, нема да бидат дел од составот за средбата со Хетафе поради повреди.
Во контекст на времето на одигрување на натпреварот, Анчелоти додаде: „Немаме долга пат до таму, но можеби натпреварот можеше да биде закажан во подобар термин. Многу луѓе веќе спијат во 21:30. Се надевам само дека моите играчи нема да заспијат“, се пошегува италијанскиот стратег.
Реал ќе се обиде да го продолжи победничкиот ритам во домашниот шампионат, додека се уште се опоравува од елиминацијата во Лигата на шампионите.