ПРВ.мк
Спорт

ФФМ СО ОСТАР СТАВ: Дисциплинска постапка за ФК Вардар - ова е причината!

ФФМ СО ОСТАР СТАВ: Дисциплинска постапка за ФК Вардар - ова е причината!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) реагираше на, како што го оцени, навредливото и недолично однесување на ФК Вардар за време на прославата по освојувањето на шампионската титула.

Од ФФМ наведуваат дека секогаш апелирале на достоинствено однесување при победа и пораз, истакнувајќи дека спортскиот ривалитет треба да се темели на меѓусебна почит и фер-плеј.

Во соопштението се нагласува дека е неприфатливо повикување на навредливи содржини и изведување на вулгарни песни или пораки, без разлика кон кого се насочени — против навивачи, играчи, клубови или јавни личности.

ФФМ потсетува дека и во претходни случаи биле изрекувани санкции за клубови како ФК Тиквеш, ФК Осогово и ФК Вардар, и најавува дека ќе постапи согласно дисциплинските правилници.

По најновите случувања, Дисциплинскиот инспектор при ФФМ ќе отвори постапка против клубот.

Од Федерацијата порачаа дека остануваат посветени на промоција на фер-плеј и дека нема да дозволат однесување кое го нарушува интегритетот на натпреварувањата.