Утре, на 05.04.2026 година, со почеток од 07:00 часот, ќе се одржи планинската трка „Водно–Матка Треилс 2026“, што ќе предизвика привремени затворања на сообраќајот во Скопје во неколку кратки временски интервали.
Сообраќајот ќе биде затворен по пет минути во три термини: од 07:00 до 07:05 часот, од 08:00 до 08:05 часот и од 09:00 до 09:05 часот. Стартно-целната позиција на трката ќе биде во комплексот Македонско село, а трасата ќе се движи преку патниот правец кон Горно Нерези (кај џамијата), по што продолжува по планински патеки.
Поради настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе воведе посебен режим и ќе врши пренасочување на сообраќајот преку алтернативни правци.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен, со цел безбедно и непречено одвивање на настанот.










