ПРВ.мк

ЃОРЃИЕВСКИ: НЕКА Е АИРЛИЈА – СТАДИОНОТ ССК Е ЦЕЛОСНО Е РЕКОНСТРУИРАН!

ЃОРЃИЕВСКИ: НЕКА Е АИРЛИЈА – СТАДИОНОТ ССК Е ЦЕЛОСНО Е РЕКОНСТРУИРАН!
Jumbo Banner

Со свечена церемонија и во присуство на голем број граѓани и спортски ентузијасти, вечерва беше пуштен во употреба реконструираниот стадион ССК во скопската населба Драчево. Овој терен, кој со години беше запоставен, доби сосема нов лик, благодарение на заложбите на градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

– „Заврши долгогодишната негрижа за овој спортски терен кој во минатото беше едно од спортските обележја на Кисела Вода. Драго ми е што спортистите повторно го добија овој простор, но сега со современи и модерни услови“, изјави Ѓорѓиевски.

Стадионот доби девет нови соблекувални, целосно нова ограда, обновена тревната подлога и ново осветлување со рефлектори, што ќе овозможи одржување на тренинзи и натпревари и во вечерните часови. Ѓорѓиевски нагласи дека реализацијата на овој проект е резултат на соработката со Фудбалската федерација на Македонија, на која упати јавна благодарност.

„Обновата на спортската инфраструктура е високо на мојата агенда како градоначалник. Се трудам на граѓаните да им овозможам услови за спорт и рекреација – преку инвестиции, изградба и лобирање, како во овој случај“, рече тој.

Градоначалникот изрази уверување дека реновираниот стадион ССК ќе биде извор на нови спортски таленти кои ќе ги радуваат жителите на Кисела Вода и пошироко.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран