Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, веднаш по добиените информации за излевање на Маркова Река во општина Студеничани, се упати на критичните локации за да помогне во справувањето со состојбата.

„Механизацијата е на терен и нема опасност по населението. Се работи интензивно за враќање на реката во нејзиното корито,“ изјави Ѓорѓиевски.
Тој заедно со градоначалникот на Студеничани, Азем Садику, ја следи ситуацијата во текот на целата ноќ, а во постојана комуникација е и со градоначалникот на Аеродром, Дејан Митевски, кој е подготвен да помогне доколку има потреба.

„Временските непогоди не можеме да ги спречиме, но можеме заеднички да делуваме за да ги минимизираме последиците,“ порача Ѓорѓиевски.