ПРВ.мк
Сцена

Детските ѕвезди од новиот „Хари Потер“ ќе заработуваат милиони уште како деца - откриени се вртоглавите хонорари!

Детските ѕвезди од новиот „Хари Потер“ ќе заработуваат милиони уште како деца - откриени се вртоглавите хонорари!
Kristal

Новите млади актери во серијата „Хари Потер“, што ја подготвува HBO, ќе заработат огромни суми уште во првата сезона, откриваат странските медиуми.

12-годишниот Доминик Меклафлин, кој ќе го игра Хари Потер, заедно со Арабела Стентон како Хермиона Гренџер и Аластер Стаут како Рон Визли, ќе добијат по околу 500.000 фунти за првата сезона.

Тоа значи дека секој од нив ќе заработува приближно 60.000 фунти по епизода – сума што ги става меѓу најплатените детски актери во светот.

Серијата, која е планирана да има седум сезони, веќе предизвикува огромен интерес. Триото било избрано меѓу повеќе од 32.000 деца кои се пријавиле на аудициите, што дополнително ја зголемува тежината на нивниот успех.

Според најавите, премиерата ќе биде за Божиќ 2026 година, порано од првично планираното. Првите кадри покажуваат дека приказната ќе ја следи оригиналната авантура на Хари Потер – од животот кај Дарслиеви, до пристигнувањето во магичното училиште Хогвортс.

Фановите ширум светот веќе бурно реагираат на најавите, со коментари дека „магијата се враќа“ и дека оваа верзија може да стане нов глобален хит.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo