ПРВ.мк

Внимавајте на ОВА: Апликација-замка им зема 900.000 денари на брачен пар од Прилеп!

Внимавајте на ОВА: Апликација-замка им зема 900.000 денари на брачен пар од Прилеп!
VERO Banner

Нова модерна измама со апликација остави прилепски брачен пар без речиси 900.000 денари.

Како што соопшти полициајта вчера во 16.00 часот во ОВР Прилеп, жена од Прилеп пријавила во полицијата дека во периодот од 27.02.2025 до пријавувањето, од нејзината сметка во банка во неколку наврати биле повлечени вкупбо 616.000 денари, додека од сметката на нејзиниот сопруг во неколку наврати биле повлечени 280.000 денари.

МВР известува дека според пријавеното, претходно, тие повеќе пати биле контактирани од лица кои се претставувале како вработени во компанија која се занимава со тргување на берза со злато и пари и од нив барале да симнат нивна апликација и да се регистрираат на неа, а исто така, им биле побарани и матични броеви, кои ги споделиле со нив.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран