ПРВ.мк

КОЊАНОВСКИ: ЖЕНАТА Е СТОЛБ НА СЕМЕЈСТВОТО И ОПШТЕСТВОТО

КОЊАНОВСКИ: ЖЕНАТА Е СТОЛБ НА СЕМЕЈСТВОТО И ОПШТЕСТВОТО
VERO Banner

Во организација на Советот за женско претприемништво, со поддршка на Општина Битола и Комисијата за еднакви можности во Советот на општината, во Утопиа-Бизнис клубот се одржа настанот „Жена 360 степени – инспирација во сите улоги“. Настанот собра голем број жени со докажан успех во бизнисот, претприемништвото, политиката, образованието и други општествени сфери.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја поздрави иницијативата, истакнувајќи ја важноста на жените во сите аспекти на општеството и нагласувајќи ја поддршката што општината ја дава во оваа насока.

„Со својот труд и ангажираност, жената е вистински столб на семејството, но и на општеството. Таа е истовремено мајка, сопруга, професионалец, лидер и визионер, внесувајќи посебна движечка сила во сите области каде што е вклучена. Нашата обврска како локална самоуправа е да создадеме услови во кои жените ќе можат целосно да ги реализираат своите потенцијали во образованието, спортот, културата и претприемништвото,“ изјави Коњановски.

Градоначалникот потсети дека Општина Битола минатата година го формираше Советот за женско претприемништво преку Програмата за еднакви можности, со цел да се поддржат жените кои сакаат да започнат сопствен бизнис.

„Верувам дека резултатите од оваа иницијатива ќе покажат успешни приказни кои ќе ја зајакнат нашата соработка и ќе инспирираат нови активности,“ додаде тој.

Коњановски истакна дека Општина Битола преку Стратегијата за еднакви можности (2021-2026) активно работи на вклучување на жените на раководни позиции и создавање политики базирани на родова еднаквост.

„Продолжуваме со поддршка на иницијативи кои промовираат еднакви можности, женскиот спорт, но и активности за елиминирање на сите форми на насилство, преку советодавниот центар против семејно и родово базирано насилство,“ заклучи градоначалникот на Битола.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран