ПРВ.мк

Коњановски: Започна реконструкцијата на улицата „Бурса“ во должина од над 2 километри

Коњановски: Започна реконструкцијата на улицата „Бурса“ во должина од над 2 километри

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја најави реконструкцијата на улицата „Бурса“, еден од најголемите инфраструктурни зафати во општината, кој се реализира во должина од 2.418 метри.

Проектот, чија вредност изнесува 37,6 милиони денари, се финансира со средства обезбедени од Светска банка, во рамките на националната програма за поврзување на локалните патишта.

„Оваа реконструкција ќе овозможи подобро и побезбедно поврзување на повеќе населени места и ќе придонесе за подобрување на условите за живот на граѓаните“, изјави Коњановски.

Според него, инвестициите во патната инфраструктура остануваат еден од приоритетите на локалната власт, со цел да се поттикне локалниот економски развој и да се унапредат основните услови за секојдневно функционирање.

Vero

Agria