ПРВ.мк

ВОНРЕДНА ИНСПЕКЦИСКА КОНТОЛА во над 40 објекти во Македонија

ВОНРЕДНА ИНСПЕКЦИСКА КОНТОЛА во над 40 објекти во Македонија
VERO Banner

Во над 40 објекти низ целата држава направиле контроли од Државен пазарен инспекторат . Што и како затекнале нема информација. Одговорија само дека се во координација со другите институции и дека се продолжува со проверките.

Според извештај на Министерството за економија, вкупно 22 објекти во моментов имаат важечки лиценци. Осумнаесет за кабаре, две за дискоклуб и, исто толку, за дискоклуб на отворено. Од министерството велат дека имаат и пет барања за лиценца кои се во процедура, објави ТВ Телма.

Но, што треба за вршење на угостителска дејност? – Во законот стои дека треба да бидат исполнети минимално пропишани услови. За исполнувањето на овие услови и започнување со работа, угостителот е должен да го пријави во Државен пазарен инспекторат, кај градоначалникот на општината 15 дена пред почетокот со работа. Секоја промена, исто така, треба да се пријави.

Градоначалникот на Општината води и евиденција на угостителските објекти кои започнуваат со работа на нивното подрачје. Води регистар на угостителски објекти, советите во општините носат и одлука за висина на лиценца, води регистар за работното време, надлежни се и за елаборатот за животна средина.

За угостителска дејност во угостителски објект, ноќен клуб, кабаре, дискоклуб, дискоклуб на отворен простор може да врши ако обезбедил согласност од органите на државната управа, надлежен за работите од областа за внатрешни работи дека се исполнети условите за заштита на јавен ред и мир и безбедност и во сообраќај. Лиценцата, пак, ја издава Министерството за економија по претходно поднесено барање. Сето ова го пишува во законот за вршење на угостителска дејност.

Објектот во кој се случи несреќата бил регистриран за лесна индустрија и така работел 15 години. Ова вчера го кажа министерот за внатрешни Тошкоски. Ова значи дека така функционирал во време на повеќе влади, министри, градоначалници, директори на инспекторати. А зошто досега пазарниот инспекторат не направил проверка како што се спроведуваат сега, Мицкоски одговори.

Според извештајот на економија, во 2023 последно било дадено негативно мислење за добивање на лиценца.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран