Од загинатите се идентификувани 35 лица, меѓу кои 31 се од Кочани и 4 од Штип. „Досега се извршени разговори со 10 хоспитализирани лица, а во процес е и разговор со еден член од групата ДНК. Распишана е централна потерница за четири лица. Исто така, се испитува документацијата за дозволите на дискотеката од Министерството за економија“, изјави Тошковски, додавајќи дека меѓу загинатите е и полицаец кој извршувал контрола за евентуално откривање на дрога.