ПРВ.мк

Велешанец уапсен по драматичен пресврт – му следуваат 8 години зад решетки!

Велешанец уапсен по драматичен пресврт – му следуваат 8 години зад решетки!
Jumbo Banner

Велешката полиција уапси 45-годишен велешанец кој се барал со судска наредба за издржување на казна затвор во траење од осум години.

„На 22.04.2025 во 17.50 часот, полициски службеници од СВР Велес го привеле Г.Ш.(45) од Велес, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од осум години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ од која настанале смртни последици, казниво по член 131 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик“, соопштија од МВР.

Лицето било спроведено во Казнено – поправна установа Затвор Идризово за издржување на казната.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран