ПРВ.мк
Македонија

Уапсен член на избирачки одбор - ова се деталите!

Уапсен член на избирачки одбор - ова се деталите!

На денот на локалните избори, утринава е уапсен член на избирачки одбор на едно од гласачките места во Општина Чаир, во просториите на Основното училиште „Имри Елези“, пренесува „Алсат“.

Инцидентот се случил во моментот на пауза, кога осомничениот излегол надвор да испуши цигара, по што бил приведен од страна на полицијата. Засега не се објавени официјални причини за апсењето, ниту идентитетот на лицето.

Според изјавата на претседателот на избирачкиот одбор, информациите околу апсењето се сè уште нецелосни, и тој нема детали за основите на полициската интервенција.

„Сѐ уште немаме официјални информации зошто е приведен нашиот колега, сè се случи додека беше на пауза“, изјавил претседателот на одборот.

Од она што досега е познато, изборниот процес на ова избирачко место продолжил непречено, без дополнителни проблеми или прекини.

Се очекува Министерството за внатрешни работи или ДИК да излезат со официјално соопштение и повеќе детали во текот на денот.

Escape