ПРВ.мк
Македонија

СКОПЈЕ ПОД БЛОКАДА: Во недела се затвораат главните булевари!

СКОПЈЕ ПОД БЛОКАДА: Во недела се затвораат главните булевари!
Kristal

МВР со итно известување: Посебен режим на сообраќај и полициски кордони во Аеродром – Еве кои улици ќе бидат „забранета зона“!

Доколку планирате неделно кафе или прошетка низ Скопје овој 22-ри март, подгответе се за сериозни измени. Главниот град во недела наутро ќе биде во знакот на спортот, но тоа значи дека возачите ќе мора да бараат алтернативни патишта за да ги избегнат метежите.

Полицијата стапува на сцена рано наутро. Посебниот режим ќе трае од 07:30 до 11:30 часот. Во овој период, делови од општина Аеродром ќе бидат целосно затворени за возила поради одржување на голема атлетска улична трка.

Трасата на тркачите опфаќа некои од најфреквентните точки во градот:

  • Бул. „Јане Сандански“: Целосно затворен од крстосницата со „Србија“ и „Видое Смилевски Бато“ па сè до „Владимир Комаров“.
  • Ул. „Васко Карангелевски“: Делот од „Јане Сандански“ до бул. „АСНОМ“.
  • Бул. „АСНОМ“: На потегот од крстосницата со „Киро Глигоров“ и „Србија“ до „Васко Карангелевски“.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе биде присутна на секоја крстосница. Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, а од МВР се децидни: „Почитувајте ги наредбите на службениците!“ Секој обид за пробивање на трасата може да ја загрози безбедноста на натпреварувачите.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo