ПРВ.мк
Македонија

СКАНДАЛ ВО ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ВО ТЕТОВО: 120.000 евра исплатени незаконски!

СКАНДАЛ ВО ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ВО ТЕТОВО: 120.000 евра исплатени незаконски!
Kristal

Во Тетово се открива сериозен скандал во Центарот за социјална работа: околу 120.000 евра завршиле кај лица кои не ги исполнувале законските критериуми и лажно се пријавувале како корисници. Средствата веќе се вратени во касата на институцијата, но случајот ја открива длабоката системска злоупотреба.

Обвинителството во Тетово минатата година постапувало против дел од вработените, кои се обвинуваа за учество во незаконските исплати. По признавање вина и надоместување на причинетата штета, казните биле минимални – само 18.000 денари по лице што се уплатиле во државниот буџет.

И покрај сериозноста на случајот, дел од инволвираните сè уште ја извршуваат својата работа, па дури и раководни функции, без формално овластување за потпишување службени документи. Тие редовно се вклучуваат во дисциплински постапки, но избегнуваат посериозни последици, благодарение на позитивните оценки од комисијата во самата институција.

Овој скандал отвора прашања за контролата на јавните фондови и за ефективноста на дисциплинските мерки во институциите кои треба да штитат социјално ранливи категории. Очигледно е дека системот, наместо да ги санкционира прекршувањата, им овозможува на виновниците да останат на позициите и да продолжат да управуваат со средства кои се од јавен интерес.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo