ПРВ.мк
Македонија

СКАНДАЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Поранешна вработена со шокантна закана - „Врати ме на работа или дај 5.000 евра, ако не сите ќе ги видат фотографиите”

СКАНДАЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Поранешна вработена со шокантна закана - „Врати ме на работа или дај 5.000 евра, ако не сите ќе ги видат фотографиите”
Kristal

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т. (40) и М.Д. (43), двајцата од Куманово, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „уцена“.

Според информациите од пријавата, на 7 февруари 2026 година, првопријавената, која претходно работела во угостителски објект во Куманово, му поставила сериозен ултиматум на сопственикот. Таа се заканила дека ќе објави фотографии на социјалните мрежи кои, според нејзините тврдења, прикажуваат несоодветно постапување со храна во објектот, со што би се нарушил угледот на бизнисот.

Целта на ваквата закана, како што се наведува, била да изврши притисок врз сопственикот – или повторно да ја вработи, или да ѝ исплати сума од 5.000 евра. Во спротивно, содржините требало јавно да бидат објавени и да предизвикаат негативни реакции во јавноста.

Во реализацијата на наводната уцена, ѝ помогнал и второпријавениот, кој активно учествувал во спроведувањето на заканите, со што случајот добива дополнителна тежина.

Надлежните органи презеле мерки и поднеле кривична пријава, а понатамошната постапка ќе утврди сите детали и одговорности поврзани со овој случај.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo