ПРВ.мк

Сиљановска-Давкова во Ватикан: Историска средба со Папата Лав XIV за мир, правда и глобални реформи

Сиљановска-Давкова во Ватикан: Историска средба со Папата Лав XIV за мир, правда и глобални реформи
Vero

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, во Ватикан оствари четириесетминутна аудиенција со Папата Лав XIV, каде што разговараа за клучни глобални прашања, вклучувајќи ја потребата од реформи во Обединетите Нации, вклучувањето на сите во справувањето со светските предизвици и улогата на жените во креирањето поправеден свет.

„Разговор со човек со ум на математичар, срце на филозоф и душа на духовен водач е искуство што се памети засекогаш,“ изјави Сиљановска-Давкова, опишувајќи ја средбата како длабоко инспиративна и полна со духовна тежина.

Претседателката и Папата разменија симболични подароци, при што Сиљановска-Давкова доби стилизиран симбол на Јустиција – подарок што го протолкува како силна порака за вербата во правдата и улогата на жените во современиот свет.

Средбата, како што изјави, ќе остане врежана во нејзиното сеќавање како потсетник на вредностите кои треба да нè водат: мир, правда и хуманост.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран