Македонскиот музичар Раде Врчаковски – Врчак првпат се огласи јавно по трагедијата во Кочани, која ја потресе целата земја и во која загина 61 лице. Меѓу нив беше и Андреј Ѓорѓиески, член на популарното дуо „ДНК“ и долгогодишен пријател и соработник на Врчак.
Тој имаше повеќегодишна соработка со „ДНК“, а нивното пријателство беше забележано преку бројни заеднички хитови и настапи во текот на годините. По неговото повлекување од јавноста, токму Андреј и Панчо беа тие што успеаја да го вратат на сцената со дуетската песна „Посреќна“ во 2023 година.
Во емотивна објава на својот фејсбук-профил, Врчак сподели фотографија од снимање и напиша многу лична и емотивна порака.
“Последната песна со Андреј… Јас до вечерва неможев да слушам музика, неможев ни на facebook да гледам ништо… Уште неможам, уште закрепнувам ама пред малку ја пуштив да ја слушнам последната песна со Андреј што ја снимавме неколку дена пред да загине – кога му го слушнав гласот ме врати во живот цела љубов и позитивна енергија на Андреј ми се врати во душата, а цела тага ми се претвори во уште поголема љубов 🩷” стои во објавата на Раде Врчаковски на фејсбук.