На локалните избори во Град Скопје, СДСМ доживеа сериозен пад и стана петта партија по бројност во Советот. Партијата освои 24.587 гласа – дури 28.617 помалку од 2021 година, кога имаше 53.204.
Најмногу гласови за советници освои ВМРО-ДПМНЕ со 81.649, по што следат Левица со 27.479, ВРЕДИ со 27.337 и ДУИ со 27.045. Зад СДСМ се коалицијата „Искуство за успех“ (6.953), ЗНАМ (5.074), Независни заедно (5.241) и Зелен хуман град (4.886).
Резултатите покажуваат дека Левица прерасна во втора политичка сила во главниот град, додека СДСМ бележи најголем пад во последната деценија.
Кај кандидатите за градоначалник, Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ води со 91.582 гласа, а Амар Мециновиќ од Левица е втор со 30.659. Башким Бакиу од ВРЕДИ е трет (27.864), Каја Шукова од СДСМ четврта (26.714), а Скендер Реџепи од ДУИ петти (26.062).
Во споредба со изборите во 2021 година, СДСМ тогаш имал убедливо подобар резултат – Петре Шилегов освоил 78.244 гласа, додека тогашната кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, имала 86.159. Левица тогаш имала 20.434 гласа, што покажува дека за четири години партијата ја зголемила поддршката за над 10.000 гласа.
Овие бројки го потврдуваат драматичниот пад на СДСМ во Скопје и растот на Левица како нова опозициска сила во градот.
Не дознавај последен - читај ПРВ.мк