ПРВ.мк
Македонија

Само 16 исправни камиони ја открија вистинската слика во „Комунална хигиена“ – Ѓорѓиевски започнува жестока офанзива за ред, казни и спас на Скопје!

Само 16 исправни камиони ја открија вистинската слика во „Комунална хигиена“ – Ѓорѓиевски започнува жестока офанзива за ред, казни и спас на Скопје!
Kristal

Метрополата тоне во серија проблеми кои со години се таложат – јавните претпријатија се гушат во долгови, механизацијата е нефункционална, воздухот е загаден, а дивите депонии се претвораат во постојани еколошки бомби. Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најавува дека конечно ќе стави крај на хаосот и дека „чистката“ во институциите допрва почнува.

По 72-часовната акција за чистење на градот, Ѓорѓиевски објави дека веќе се изречени повеќе од 40 казни и дека санкциите нема да престанат сè додека не се искоренат сите девијантни појави кои со години ја рушеле дисциплината во јавните служби.

Градоначалникот откри шокантни податоци – при увид во ЈП „Комунална хигиена“, биле затекнати само 16 исправни камиони. Огромен дел од возилата биле надвор од употреба поради долгови за сервисирање. Со брза интервенција и поддршка од сервисерите, бројот на функционални возила се зголемил на 40, а се очекува во наредните денови да достигне 60. Ѓорѓиевски најави дека во координација со премиерот се разговара и за набавка на сосема нова механизација која ќе му овозможи на претпријатието да функционира без прекини.

Додека зимата ќе помине во подготовка, по неа ќе стартуваат градежните активности низ градот. До тогаш, приоритет ќе биде средувањето на парковите и чистењето на најкритичните депонии. Вардариште веќе е во процес на расчистување и одгаснување, а наскоро ќе се третираат и жариштата во Визбегово, Шуто Оризари и покрај реката Лепенец.

Во план е и поставување заштитни мрежи долж реката Вардар, во соработка со општествено одговорни компании. Ѓорѓиевски апелира и централните институции да се вклучат во инспекцискиот надзор, бидејќи, како што потенцира, „Градот сам не може да ја издржи битката со безредие“.

Што се однесува до јавниот превоз, Ѓорѓиевски најави пристигнување на 80 нови еколошки автобуси за Скопје и уште 70 за останатите градови во март. Во моментов, ЈСП располага со само 160 возила од потребните 270, а долгот кон приватните превозници изнесува околу 3 милиони евра.

Во петок ќе се одржи клучната седница на Советот на Град Скопје за буџетот. Ѓорѓиевски очекува поддршка за неговите планови и порача дека е време за дела, а не за препукувања: „Граѓаните не сакаат оправдувања, туку резултати.“

FixCredit
Atensa 300
Escape