ПРВ.мк
Македонија

Просветен инспектор обвинет за психичко насилство врз наставничка - ова се деталите!

Просветен инспектор обвинет за психичко насилство врз наставничка - ова се деталите!
Kristal

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.З. (53) од село Добрејци, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.

Инцидентот се случил на 15 октомври 2025 година, за време на инспекциски надзор во основното училиште „Маршал Тито“ во село Муртино, струмичко. Според пријавата, инспекторот вршел психичко насилство врз наставничка, вршејќи притисок таа да напише изјава според неговите насоки. Кога наставничката поднела изјава која не одговарала на неговите барања, инспекторот ја одбил и ја фрлил во ходникот.

Случајот е пријавен до Основното јавно обвинителство во Струмица, кое ќе продолжи со постапката за утврдување на одговорноста на инспекторот.

FixCredit
Atensa 300
Escape