На 12.09.2025, околу 09:40 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес извршија претрес во домот на Џ.Х.С. од село Согле, општина Чашка.
При претресот, кој беше спроведен со судска наредба, пронајдени и одземени се куршуми од различен калибар, кои лицето ги поседувало без соодветна документација.
Џ.Х.С. беше лишен од слобода и приведен во полициска станица, а за настанот е известен јавен обвинител. По комплетирање на документите, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.