ПРВ.мк

Полицијата викендов напишала повеќе од 2.500 казни, еве за што најмногу се казнувало

Полицијата викендов напишала повеќе од 2.500 казни, еве за што најмногу се казнувало
Jumbo Banner

2.508 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава во текот на продолжениот викенд

Во текот на изминатите денови, односно во петокот и деновите од празничниот викенд (28/29/30/31.03) во рамки на редовните сообраќајни контроли на територија на цела држава вкупно беа издадени 2.508 платни налози за сторени прекршоци како по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, така и по основ на Законот за возила.

Така, заради непрописно паркирање издадени се 425 платни налози, по основ на непочитување на пропишаната брзина на движење 959 прекршоци, а пак по основ на непоседување возачка дозвола регистрирани беа 234 прекршоци.

Исто така, евидентирани се 173 прекршоци заради неносење сигурносен појас, 50 прекршоци заради користење на мобилен телефон при возење, 14 возачи минале на црвено светло, а изречени се и 48 санкции за возење под дејство на алкохол.

ELS

По основ пак на Законот за возила во посочениот период од сообраќај се исклучени 74 возила од кои 24 заради техничка неисправност, а 50 заради тоа што биле нерегистрирани.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран