Во Кавадарци успешно се реализираше показна вежба за евакуација и справување со пожар, со учество на повеќе институции и служби.

Во вежбата учествуваа Општа болница Кавадарци, Црвен крст на Република Северна Македонија, Дирекција за заштита и спасување, Центар за управување со кризи и ОВР Кавадарци, како и Територијалната противпожарна единица.

Учениците и вработените од ООУ „Гоце Делчев“ покажаа правилна и навремена реакција во симулирана кризна ситуација, демонстрирајќи дисциплина и храброст.

Ваквите вежби имаат значајна улога во подигнување на свеста за безбедност, подобрување на координацијата меѓу институциите и зголемување на подготвеноста за реални итни ситуации.








