Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и можен град попладне
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХРМ), денеска претпладне се очекува претежно сончево време со умерена облачност. Но, попладне следува промена – времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, особено во попладневните часови кога на повеќе места се предвидува појава на пороен дожд и грмежи.
Локално, нестабилноста може да прерасне во невреме проследено со пообилни врнежи, засилен ветер и изолирана појава на град.
Температурите ќе се движат од минимални 6 до 11 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 19 до 26 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, а попладне во делови од котлината се очекува развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се движат од утрински 9 до максимални 26 степени.
Во текот на целата седмица ќе преовладува влажна и нестабилна воздушна маса, што ќе резултира со променливо и нестабилно време, повремени врнежи и грмежи. Локално се можни интензивни временски неприлики со обилен дожд, силен ветер и град.