На настанот беа обединети ученици, наставници и претставници од институции од областа на стручното образование, со цел размена на знаења, искуства и добри практики, како и промоција на креативноста, иновативноста и вештините на младите.
Со своето учество, Општина Кавадарци ја потврди својата континуирана поддршка за развој на образованието, со посебен акцент на стручното образование како важен сегмент во создавањето на квалификувани и конкурентни млади кадри.
Од општината посочуваат дека вложувањето во младите е вложување во иднината на заедницата и дека ваквите настани се значајни за нивниот професионален развој и мотивација.










