Најпрво, искрена благодарност до целата јавност, медиумите и особено до Премиерот Христијан Мицкоски за навремената реакција и поддршка. Веруваме дека таа поддршка веќе дава резултати и се надеваме дека Судскиот совет ќе постапи по скандалозната пресуда на судијата Ељведин Ферати. Како семејство имаме сомнежи дека зад одлуката стојат политика, мито и корупција, и нема да запреме додека не се изнесе правдата на виделина.
Во врска со најавениот протест во Скопје од иницијативата “Кој е следен?” јавно кажуваме: НЕ ГО ПОДДРЖУВАМЕ.
Никој не нè праша, не нè извести, не побара мислење. Зошто протест во Скопје кога сè се случи во Тетово? Таму живееше Теодора, таму беше убиена, таму судијата донесе срамна одлука, и таму шета слободно убиецот.
На последниот протест, нашата мајка лично побара протест во Тетово, беше одбиена. Зошто?
Јавно прашуваме: каде беше “Кој е следен?” кога се изрекуваше срамната пресуда? Каде беа кога беше најпотребно?
Доста е од иницијативи што не ги слушаат семејствата, што жртвите ги користат како алатка за туѓи цели.
Затоа повикуваме:
Тетовчани, излезете со нас за Теодора, за вистината, за правдата.
Не во Скопје. Не со нив. Во Тетово, каде што почна неправдата, таму мора да заврши.
Без политиканство! Наша единствена политика е Теодора!
ПРАВДА ЗА ТЕОДОРА!