ПРВ.мк

Објавен Конкурсот за упис во средните училишта за учебната 2025/2026

Објавен Конкурсот за упис во средните училишта за учебната 2025/2026
Jumbo Banner

Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта за учебната 2025/2026 година.

Пријавувањето на учениците ќе биде електронско преку линк до системот за електронски услуги на МОН https://euslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.

Ќе има две пријавувања во јунскиот уписен рок и едно во августовскиот. 

Првото електронско пријавување на учениците ќе биде од 00:00 часот на 14 јуни до 23:59 часот на 17 јуни 2025. Доставувањето на потребната документација до училиштата ќе биде на 18 и 19 јуни, а конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ќе ја објави на 20 јуни 2025.

ELS
Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран