Земјотрес со локална магнитуда од 3.1 степени според Рихтеровата скала беше регистриран ноќеска во 00:22 часот, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според податоците, епицентарот потекнува од подрачјето Делчево – Берово, на околу 120 километри југоисточно од Скопје. Потресот бил почувствуван во Пехчево, Берово и околните места.
Интензитетот на земјотресот достигнал од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала, што значи дека бил слабо до умерено почувствуван од населението, без информации за причинета материјална штета.
Надлежните служби продолжуваат да ја следат состојбата, а засега нема пријави за последици од потресот.










