Оваа есен ќе се случи едно од најраните менувања на часовникот во последните децении.
Зимското сметање на времето започнува ноќта помеѓу сабота и недела, на 25-ти и 26-ти октомври, кога во 3 часот наутро часовниците ќе се вратат еден час назад – на 2 часот.
Посебноста годинава е што преминот на зимско сметање на времето се случува порано отколку во претходните години. Последниот пат толку рано менување беше забележано пред повеќе од една деценија. Иако деновите сè уште се топли, есента веќе се чувствува – ноќите стануваат постудени, а дневните часови значително се скратуваат. Овој премин носи дополнителен час сон, но истовремено бара и прилагодување на дневната рутина.
Зимското сметање на времето секогаш започнува последната недела во октомври, а точниот датум варира од година во година, бидејќи последната недела не секогаш паѓа на истиот ден. Оваа година, датумот спаѓа меѓу најраните во последните десет години, што значи дека подготовката за промена на времето треба да започне порано од вообичаеното.