ПРВ.мк
Македонија

Најнова вест: Приведен Дејан Манасков

Најнова вест: Приведен Дејан Манасков
Kristal

На 14 декември 2025 година, во вечерните часови околу 20.20 часот, во просториите на СВР Охрид бил приведен Д.М. (33), ракометен играч од Скопје и актуелен член на битолски ракометен клуб. Настанот се случил непосредно по завршувањето на ракометниот натпревар кој се одигра во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид.

Според информациите, инцидентот настанал по крајот на мечот, за време на вообичаеното меѓусебно поздравување на ракометарите. Во тие моменти, Д.М. физички го нападнал К.А., кој е помошен тренер на домашниот ракометен клуб од Охрид. Ситуацијата брзо ескалирала, по што интервенирале надлежните служби и ракометарот бил приведен.

Од СВР Охрид информираат дека се работи на целосно расчистување на случајот, а по завршување на сите службени постапки, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава. Ова го потврди и портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој нагласи дека настанот се третира со сериозност и согласно законските процедури.

Инаку, натпреварот имаше големо значење во рамки на 17. коло од домашното ракометно првенство. Екипата на Охрид успеа да го совлада актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер со резултат 29-25, при што на полувреме водеше со 13-11. Со оваа победа, охриѓани го забележаа својот прв голем „скалп“ против еден од главните фаворити оваа сезона, што дополнително ја вжешти атмосферата и тензиите по завршувањето на натпреварот.

FixCredit
Escape