ПРВ.мк
Македонија

НАЈНОВА ВЕСТ: Откриени имињата на 17 лица уапсени во големата полициска акција!

НАЈНОВА ВЕСТ: Откриени имињата на 17 лица уапсени во големата полициска акција!
Kristal

НетПрес ги дозна идентитетите на лицата кои се лишени од слобода, како и на оние кај кои се извршени и сè уште се извршуваат претреси во рамки на обемната полициска акција што се спроведува на повеќе локации низ државата. Според достапните информации, дел од осомничените во текот на утрешниот ден ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

Извори вклучени во истрагата наведуваат дека за дел од овие лица може да биде предложена и мерка притвор, имајќи ја предвид тежината на делата за кои се сомничат. Станува збор за следните лица кои се лишени од слобода:

Александар ШутовАлександар МарковЕлисавета МарковаАдриано ДебниковЏелал МустафаКадифе ИсмаилиРаиф ЕлезиМарјан Марковиќ од Србија

Покрај нив, пред судија на претходна постапка веќе се изнесени и други лица, на кои им се изречени мерки на претпазливост. Меѓу нив се:

Елена ТафчиевскаКристијан ЈовановскиАлександар ПехчевскиГоце ВеселиноскиКети КамилоскиВаљбона Азири ИсмаилиЗухрије РеџепиСања ГиевскаТања Настеска

Според истите извори, сите горенаведени лица се вработени во Управата за јавни приходи – Скопје, што дополнително ја зголемува сериозноста на случајот и интересот на јавноста за развојот на истрагата.

Во текот на денот, НетПрес објави дека повеќе од десет лица биле приведени во рамки на оваа голема полициска акција, која започнала попладнето и се спроведувала истовремено на повеќе локации низ државата. Акцијата е насочена кон прибирање докази за сериозни кривични дела поврзани со даночно затајување од поголеми размери.

Од Јавното обвинителство тогаш официјално потврдија дека под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители, со асистенција на полициски службеници од Министерството за внатрешни работи, вршат претреси на повеќе локации и обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и тешко даночно затајување. Од Обвинителството најавија дека јавноста ќе биде дополнително информирана откако ќе завршат истражните дејствија.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo