ПРВ.мк

Мицкоски: Владата започнува постапка за набавка на 120 еколошки автобуси за јавен превоз за Скопје и општините

Мицкоски: Владата започнува постапка за набавка на 120 еколошки автобуси за јавен превоз за Скопје и општините
Jumbo Banner

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одговори на новинарското прашање во врска со вчерашната седница на Владата, на која беше усвоена информацијата за потребата од набавка на еколошки автобуси за ЈСП-Скопје и единиците на локалната самоуправа. Мицкоски објасни дека Владата донела одлука за започнување на постапка за набавка на 120 автобуси.

„Владата на вчерашната седница донесе одлука да започне постапка за набавка на 120 автобуси. Од нив, 80 ќе бидат наменети за Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје, додека 40 ќе бидат распределени на други сообраќајни претпријатија во општините каде што е организиран јавен превоз. Овие автобуси ќе бидат еколошки и електрични, во зависност од потребите и проценките,“ истакна Мицкоски.

Премиерот додаде дека Владата прави значаен напредок во обезбедувањето на чист воздух и подобра животна средина за граѓаните.

„Она што е важно е што овие автобуси нема да предизвикуваат загадување, што е нешто што е многу потребно, особено за време на грејната сезона. Владата презема чекор напред во обезбедувањето на чист воздух и пристојна животна средина за сите наши сограѓани,“ рече Мицкоски.

ELS

Тој истакна дека обезбедувањето на чиста животна средина и воздух за граѓаните е императив, но додаде дека овој процес бара време и не може да се постигне преку ноќ.

„Доколку само седиме и чекаме, време ќе помине и ништо нема да направиме. Ние сакаме да бидеме проактивни и да креираме политики кои ќе не водат до целта – пристојна и здрава животна средина за сите наши сограѓани,“ заклучи Мицкоски.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран