ПРВ.мк
Македонија

Мицкоски открива вистината за независноста: „Не е само потпис, туку жртва и борба за иднината на децата“

Мицкоски открива вистината за независноста: „Не е само потпис, туку жртва и борба за иднината на децата“

На централната прослава по повод 34-годишнината од независноста на Македонија, премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека 8 Септември е многу повеќе од датум – тоа е жив континуитет на борбата на македонскиот народ за слобода и самостојна држава.

„Денес се соочуваме со времиња што бараат храброст и одлучност. Повторно мора да избереме вистински – работа, заедништво и иднина што ќе ја оставиме на нашите деца. Независноста не е само потпис и хартија – таа е жртва, борба и љубов кон оваа света земја“, порача Мицкоски.

Тој се осврна на изминатите 34 години, истакнувајќи дека секој лидер има должност да се поклони пред оние кои се бореле за самостојна држава. Мицкоски најави неселективна правда, подобрување на животниот стандард и зголемување на наталитетот, но предупреди дека голем предизвик останува чувството на разочараност од системот.

„Тоа незадоволство произлегува од неправедното водење на политиката, мачната транзиција и криминалот што ја разјадуваше државата. Богатите што нечесно заработуваат не одговараат пред законот. Ова мора да се промени, а правдата да не прави разлика кој од каде е или колку пари има“, рече Мицкоски.

Премиерот подвлече дека од првиот ден кога ја презел одговорноста за управување со државата, не заборава на граѓаните и дека иднината на татковината зависи од заеднички придонес.

„Нашата татковина има иднина, и сите ние мораме да придонесеме. Јас не дојдов за богатство или слава, туку за да оставам трага за мојот народ и да создадеме заедничка иднина за нашите деца“, додаде Мицкоски.

Видео:

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape