ПРВ.мк
Македонија

Летаа казни за возачи на товарни возила – МВР со детали за акциската контрола!

Летаа казни за возачи на товарни возила – МВР со детали за акциската контрола!

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска информираше дека при акциска контрола на возачи на товарни моторни возила низ целата држава се изречени вкупно 37 мерки за сообраќајни прекршоци.

Контролата беше спроведена вчера од 9 до 14 часот од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, на повеќе подрачја на СВР. Главен акцент беше ставен на санкционирање прекршоци од возачи на товарни возила.

Од вкупно 37 казни:

  • 12 мерки се за прекршоци поврзани со претовар на товар, вонреден превоз и некористење на церада;
  • 1 мерка за недостиг на задолжителна опрема;
  • 1 мерка за техничка неисправност на возилото;
  • 10 мерки за останати сообраќајни прекршоци.

Дополнително, поднесени се 13 барања за поведување прекршочна постапка против правни и одговорни лица, а за сите сторители се изготвени соодветни поднесоци.

МВР истакна дека акциските контроли ќе продолжат и во наредниот период и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и пропишите. „Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, порача Министерството.

Најнови вести