Голема трагедија се случи утринава во скопската населба Кисела Вода, каде најмалку двајца градежни работници биле затрупани за време на ископни работи поврзани со изградба на нов објект.
Според првичните неофицијални информации, несреќата се случила при подготовка на теренот, кога дошло до уривање на дел од ископот и работниците биле затрупани со земја и градежен материјал.
Еден од затрупаните работници веќе бил извлечен, додека за останатите се стравува дека се наоѓаат подлабоко под урнатините, поради што спасувачката акција се одвива во исклучително тешки услови.
Инцидентот се случил во близина на кафулето Фејс и паркот Парк Македонија, каде во моментов се присутни бројни екипи на итната медицинска помош, полицијата и противпожарните служби.
Надлежните служби работат на расчистување на теренот и извлекување на затрупаните лица, а се очекуваат повеќе информации во текот на денот.









