Градоначалникот Митко Јанчев присуствуваше на националната теренска вежба „БЛЕСОК 26“, која се одржа на армискиот полигон „Криволак“.
Во рамки на вежбата, Лесната пешадиска баталјонска група ги демонстрираше своите способности, високото ниво на обученост и целосната подготвеност за извршување на поставените задачи.
Настанот претставува значајна потврда за професионалноста, дисциплината и капацитетот на припадниците на македонската Армија, кои уште еднаш покажаа дека се подготвени да одговорат на современите предизвици.
Јанчев упати честитки до припадниците на Армијата за успешната реализација на вежбата, истакнувајќи ја важноста на нивната посветеност, обученост и улога во зачувувањето на безбедноста и стабилноста на државата.







