ПРВ.мк
Македонија

Интензивни градежни активности во Кавадарци: Асфалтирање и реконструкција на водовод и канализација

Интензивни градежни активности во Кавадарци: Асфалтирање и реконструкција на водовод и канализација

Во Кавадарци во тек се низа градежни активности кои ги реализира ЈП Комуналец Кавадарци, со цел подобрување на инфраструктурата и условите за живот на граѓаните.

Се врши асфалтирање на прокопи на улицата „Шишка“, додека на улицата „Иво Лола Рибар“ е успешно завршена реконструкција на водоводната и фекалната канализација во должина од 60 метри, по барање на жителите.

Исто така, на споредна улица од „7 Септември“ е извршена замена на водоводната и канализациската мрежа во должина од 70 метри, а во тек се подготовки за нејзино бетонирање.

Овие активности се дел од континуираните напори за модернизација на комуналната инфраструктура во градот.