ПРВ.мк

Голема полициска акција: Паѓаат над 50 доктори, адвокати, службеници во ПИОМ поради злоупотреба на туѓа нега

Голема полициска акција: Паѓаат над 50 доктори, адвокати, службеници во ПИОМ поради злоупотреба на туѓа нега
Jumbo Banner

Голема полициска акција во моментов спроведува Бирото за јавна безбедност. Според информации на Press24, станува збор за акција во која се опфатени се 49 луше поради злоуптреби со финансиска помош за туѓа нега. 

Според наши неофицијални информации, опфатени се 49 лица, а меѓу нив има доктори, член на комисија на ПИОМ, адвокат, вешто лице, управител на консултантско биро. 

Во моментот се вршат претреси на 21 локација, меѓу кои и Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, Клиничката болница Тетово и ЈЗУ Општа болница Велес. Полицијата врши претреси и на 15 домашни адреси на осомничени лица.  

Како што дознаваме, поднесени се кривични пријави за повеќе сторени кривични дела, злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување, помагање, примање поткуп, давање поткуп, примање награда за противзаконито влијание и давање награда. 

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран