ПРВ.мк
Македонија

Електронски здравствен „картон“ за граѓаните – целосна дигитализација на медицинската документација!

Електронски здравствен „картон“ за граѓаните – целосна дигитализација на медицинската документација!
Kristal

Медицинската документација, упатите, рецептите, извештаите и регистрите ќе се водат електронски, а хартиената документација ќе се користи само привремено, при евентуален прекин на системот. Ова го предвидуваат измените на Законот за евиденциите од областа на здравството, соопшти министерот за здравство, Азир Алиу, на прес-конференција.

Со новите решенија, секој пациент ќе има Електронско здравствено досие како централен извор на сите здравствени податоци – од прегледи и резултати до упати, рецепти и телемедицински услуги. Граѓаните ќе можат лесно да пристапат до своето досие преку електронски портал или мобилна апликација, со јасни правила за малолетници и можност да овластат друго лице.

  • Нашата цел е модерно, безбедно и поврзано водење на здравствените податоци, со што ќе се подобри квалитетот на здравствените услуги, појасни Алиу.

Законот предвидува и интероперабилност на сите здравствени системи, со сертифицирање на ИТ системите и задолжително евидентирање на секој пристап до податоците, за зголемување на безбедноста и транспарентноста.

За првпат се регулира интеграцијата на телемедицината и мобилното здравство (mHealth), кои ќе имаат еднаква правна важност како и физичките прегледи. Дополнително, анонимизирани здравствени податоци може да се користат исклучиво за јавен интерес, научни истражувања, статистика, образование и развој на здравствени политики, со строго забранета дискриминација или профилирање на поединец.

Измените предвидуваат и централизација на здравствените регистри, зајакнување на безбедносните стандарди и воспоставување системи за управување со информациска безбедност.

  • Со овие законски решенија, кои се усогласени со европските регулативи за дигитално здравство, се поставуваат темели за модерен, сигурен и интероперабилен систем, кој ќе овозможи подобар квалитет на здравствените услуги и поголема достапност за граѓаните, рече Алиу.

Измените се дел од финалната фаза на ажурирање на 12 закони од областа на здравството, кои ќе бидат објавени на ЕНЕР.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape