ПРВ.мк
Македонија

Лажен инспектор уапсен: Направил неколку измами - МВР со детали!

Лажен инспектор уапсен: Направил неколку измами - МВР со детали!
Kristal

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.А. (46) од Скопје за кривично дело „измама“. На 4 ноември 2025 година, тој измамил жена од Прилеп за вкупно 2.000 евра и 1.000 долари.

М.А. се лажно претставувал како инспектор во странска земја и ѝ рекол на жената дека нејзините внуци направиле сообраќајна несреќа во која починало дете. Тој побарал пари за да „издејствува“ внукот да не оди во затвор, по што жената ги оставила парите на договореното место.

По брза интервенција на полициски службеници од СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција, М.А. бил лишен од слобода, а судија му одредил притвор.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo