Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, му дал отказ на Ѓорѓи Тасев, поранешен советник за млади на премиерот Зоран Заев.
Информацијата беше потврдена од свиркач во институцијата, а Богојески, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека „престанала потребата од работен ангажман на г. Тасев“ во Агенцијата.
Од Националната агенција потврдија дека е прекинат работниот однос со неколку надворешни соработници, со образложение дека повеќе не постои потреба за нивно ангажирање на позициите согласно договорите.
„Агенцијата ќе продолжи да се придржува кон принципите на професионалност, транспарентност и ефикасност во своето работење“, соопштија од институцијата.