ПРВ.мк

АЗИЗИ: ВЛЕН СТАНУВА НОЌЕН КОШМАР ЗА КЛАНОТ НА ДУИ!

АЗИЗИ: ВЛЕН СТАНУВА НОЌЕН КОШМАР ЗА КЛАНОТ НА ДУИ!
Jumbo Banner

Скопје, 22 април – Генералниот секретар на Движењето БЕСА и пратеник на коалицијата ВЛЕН, Аднан Азизи, во интервју за телевизијата Алсат, соопшти дека официјално започнал процесот за трансформирање на ВЛЕН во единствен политички субјект.

„Сме во фаза на внатрешна консолидација. Градиме единствена политичка структура, со јасна цел – да ставиме крај на 20-годишното владеење на ДУИ. Граѓаните се изморени од пазарењата и политичките експерименти што им служеа само на една тесна клика, потценувајќи го трудот и потта на Албанците“, изјави Азизи.

Тој нагласи дека коалицијата ВЛЕН е пообединета од кога било.

„Ќе имаме заеднички централен штаб, заеднички штабови низ општините, како и заедничко раководство“, рече пратеникот Азизи, додавајќи дека се единствени во целите и патот по кој одат.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран