ПРВ.мк
Македонија

КОНЕЧНО КРАЈ НА ЧЕКАЊЕТО: Автопатот Гостивар – Кичево во завршна фаза - еве кога ќе биде завршен!

КОНЕЧНО КРАЈ НА ЧЕКАЊЕТО: Автопатот Гостивар – Кичево во завршна фаза -  еве кога ќе биде завршен!
Kristal

Автопатската делница од Гостивар до Кичево ќе се изгради во предвидениот рок, потврдија премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски Александар Николоски и директорот на ЈП „Државни патишта“ Коце Трајановски по извршениот увид на делницата „два“, која се протега од Гостивар до кичевското село Букојчани.

Мицкоски изрази благодарност до сите институции и соработници, нагласувајќи дека Владата е целосно фокусирана на изградба на стратешка инфраструктура што ќе ја позиционира државата како регионална раскрсница. Тој истакна дека ваквите коридори имаат значење не само за економијата, туку и за безбедноста, особено во контекст на членството во NATO, потенцирајќи дека подобрувањето на поврзаноста ја зајакнува отпорноста на регионот и јужното крило на Алијансата.

Министерот Николоски информираше дека експропријацијата на имотите долж трасата е завршена околу 90 проценти, што го оцени како значаен успех. Досега се исплатени околу 470 милиони евра – сума која, според него, е исклучително висока за буџет како македонскиот. Тој најави дека автопатот би требало да биде целосно функционален до крајот на 2029 година, додавајќи дека позитивен напредок има и на делниците Тетово–Гостивар и Прилеп–Битола.

Вршителката на должност шеф на мисијата во Амбасадата на САД во Скопје, Никол Варнс, порача дека Коридор 8 ќе ја трансформира економската иднина на Северна Македонија преку поврзување на истокот и западот, олеснување на трговијата и отворање нови можности за граѓаните. Таа потенцираше дека САД го ценат партнерството и очекуваат задржување на моментумот за реализација на заедничката инвестиција.

Директорот Трајановски нагласи дека работите на делницата се одвиваат според планот. Станува збор за траса долга околу 31 километар, од кои веќе се работи на повеќе од 11 километри. На терен се ангажирани околу 600 работници и над 500 градежни машини. Тој оцени дека ова е една од најсложените и најскапите делници досега, поради ридско-планинскиот терен и потребата да се заобиколи Стража за да се стигне до Букојчани.

Воедно, информираше дека на потегот Букојчани–Кичево се работи на 11 километри, додека делницата Кичево–Охрид е во завршна фаза. Со реализацијата на целиот проект, времето на патување од Скопје до Охрид, наместо досегашните три до три и пол часа, ќе се намали речиси за половина, овозможувајќи побезбедно и поудобно патување.

Владината делегација изврши увид и на еден од најголемите вијадукти во завршна фаза – мост долг 386 метри, со столбови високи до 41 метар и околу 20 носечки столбови, кој претставува еден од клучните објекти на оваа комплексна инфраструктурна траса.

– Во интерес на истрагата не би одел чекор понапред, можеби Министерството може да сподели некој детал. Тоа што го имав за овој случај го кажав. Има функционери, но од претходната Влада. Има фирма која што е сопственост

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo